SMART DRUG DETOX™ Детоксикација од хероин и други опијати


Детоксикација од хероин, метадон, трамадол, бупренорфин (субутекс, субоксон), морфиум- сулфат (субститол, компенсан) и други опијати и опиоиди (синтетички опијати) по новиот индивидуализиран модел на детоксикација SMART DRUG DETOX™:

SMART DRUG DETOX™ ги исполнува високите стандарди на современата медицина и хуманистичките принципи:
 

• Целосна безболност и удобност


За време на опијатската детоксикација се спроведува ефикасна превенција од апстиненцијалната криза, така да, до неа воопшто и не се доаѓа. Пациентот нормално спие, јаде, нема болки, ниту било какви други непријатности за време на терапијата за чистење од наркотици. Само 10% од пациентите може да почувствуваат слаба напнатост, тремор или студ, кои што во истиот момент се неутрализираат со помош на специјалното лекување.
 

• Безбедност за организмот


За време на брзото чистење од наркотици, неопходно е да се применуваат медицинските технологии со цел заштита на мозокот, срцето, белите дробови...за да не доживее организмот силен стрес и напор. Со апаратите за мониторинг, обезбедуваме и сигурна заштита на внатрешните органи.
 

• Внимателни испитувања и индивидуална програма за секој пациент


Деталното проучување на соматската и психичката состојба, користените супстанци и нивните количества ни овозможуваат прецизно прогнозирање на процесот на детоксификација. Тоа значи дека во секој случај посебно ќе се планира индивидуален модел на лекување и заштита од болки и страдања. Лекарскиот конзилиум составен од адиктолози, интернисти, анестезиолози, ги зема во предвид сите особености на здравствената состојба на пациентот при дизајнирањето на неговата уникатна програма за детоксикација.
 

• Неодложна превенција на почетокот на апстиненциската криза и одговарачки подготовки за чистење на клетките


Нашиот пациент добива превентивна заштита од кризата веднаш по приемот во болница. Понекогаш, кога е тоа потребно, и при дочекот на аеродром. Започнува блага детоксикација и подготовка на организмот за главната интервенција- длабоко чистење на клетките од опијати.


• Koмплексна детокс програма


Пациентот добива длабоко чистење на клетките, лимфата и крвта од хероин, метадон, субститол и од други опијати. Во исто време, со опијатите од организмот се исфрлаат и другите наркотици, алкохол, бензодиазепини итн. Исто така, општата детоксикација на организмот од пропратните супстанци се спроведува со заштита од сите потенцијални ризици и проблеми.
 

• Интегрален модел на детоксикација


Персоналната детокс програма содржи компоненти од неколку традиционални методи на редукција на трамадол или бупренорфин до ултра брза детоксикација Многу компоненти се применуваат една по друга, понекогаш и во исто време, во зависност од Вашиот индивидуален SMART DRUG DETOX™.
Со примена на десетина лекарства, кои што ние ги бираме за Вас од огромниот спектар на медикаменти со кои располагаме.
 

• Забрзан SMART DRUG DETOX™


Забрзаниот SMART DRUG DETOX™ oвозможува лесна детоксикација од хероин за 3 дена, а од метадон за 5 до 7 дена. Тоа не е 24- часовен ултра брз детокс, туку интелегентна сигурна програма за брзо (но без брзање) симнување од наркотици.
 

• Koнтрола на чистење на клетките и подготовка за програмата Налтрексон одржување по желба на пациентот


Серијата тестови покажуваат како се одвива процесот на опијатска детоксикација и кога организмот во целост ќе биде исчистен од наркотици, пациентот може да започне со Налтрексон индукција.
 

НАЛТРЕКСОН ИМПЛАНТ


Во денешно време најполуларна и најбарана метода за заштита од рецидив, е еден од облиците на Налтрексон одржувањето. Со помош на Налтрексон депо импланти те за поткожна примена или Налтрексон депо инјекциите, стана возможна сигурната заштита на рецепторите од опијатите (хероин, метадон, субститол, субутекс, морфиум...), а на човекот од рецедивот. Налтрексон е одобрен од страна на FDA и предизвика вистинска револуција во лекувањето на зависностите од наркотици. Налтрексон депо во облик на тврди имплантанти или течни инјекции овозможи продолжена апстиненција, онолку колку што е тоа потребно.

Ние предлагаме проверени Налтрексон импланти произведени во САД, по најниска цена во Европа.

Налтрексон депо импланти кои што имаат рок на делување од 3 до 12 месеци, се пласираат под кожата во долниот дел од абдоменот низ хируршки рез со должина од 1,5cm. Налтрексон депо се раствора полека, давајќи му на организмот доволно количество на Налтрексон. Молекулите на Налтрексон ги штитат клеточните рецептори од сите опијати и не им дозволуваат да предизвикаат наркотички ефекти и чувства. На тој начин човекот не може да ја врати злоупотребата на наркотици и добива шанса постепено да се навикне на чистиот живот.

Контакт

 

 

 

 





Ispovest pacijenta iz Makedonije